Приказна за девојчето чии родители поуката нема никогаш да ја заборават!

7 мај, 20140
8

Во оваа поучна приказна станува збор за едно мало девојче кое ги научило своите родители дека не треба да ги занемаруваат старите луѓе и дека кон своите родители без разлика какви се, треба да се однесуваме со многу љубов и внимание. Прочитајте!
Си живеела еднаш една слабичка старица, и кога нејзиниот сопруг починал, отишла да живее со синот, снаата и внуката.
Секој ден нејзиниот вид и слух се влошувале. Понекогаш рацете толку и се треселе, па чиниите со храна и паѓале на земја. Синот и сната биле нервозни поради нередот што го правела. И еден ден рекле – што е многу, многу е. Па за неа поставиле малечка масичка во ќошот на собата, мало столче и и давале таму да јаде.
За време на оброците таа ги гледала од другиот крај на собата со очи полни солзи, но тие речиси воопшто и не разговарале со неа. Освен кога ја критикувале кога ќе и паднела лажица или вилушка.
Една вечер, токму пред вечерата, малото девојче седело на под и си играло со коцки.
Што правиш? – ја запрашал таткото.
Правам мала масичка и столчиња за тебе и мама – одговорила. За да можете сами да јадете во ќошот кога јас ќе пораснам.
Таткото и мајката се занемиле и тоа изгледало како да трае цела вечност. И тогаш почнале да плачат.
Во тој момент станале свесни за она што го правеле и тагата што ја предизвикале. Таа вечер ја вратиле старицата на нејзиното старо место и од тој ден до нејзиниот последен, таа јадела заедно со нив. И кога нешто ќе паднело на подот, изгледало како повеќе никој да не го забележува тоа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi