Бајадера тортички
8 јануари, 20140
Потребни состојки:
- 400гр Мелен кекс
- 150гр Путер
- 100гр Чоколадо
- Малку газиран сок од портокал
За декорација:
- 100мл. слатка павлака
- 2 – штангли чоколадо
- Чоколадни украси и фигури
Начин на подготовка:
Путерот растопете го , тргнете го од оганот, и измешајте го мелениот кекс. Третина од смесата одвојте и развлечете ја директно на плехот. Во преостанати0от дел растопете течно чоколадо . Доколку е прегусто, ставете малку газиран сок. Така соединета смесата распоредете ја преку светлата кора , а потоа ставете ја во фрижидер да се стрврдне да се олади. Со округла модла, сечете тортички. Разматената слатка павлака спојте ја со растопено чоколадо, наполнете слаткарски шприц за украсување и декорирајте ја секоја торта со павлаката.