Чоколадни коцки со урми и ореви

16 мај, 20140
10

Состојки:
1/2 лажичка екстракт од ванила
1/4 лажичка сол
100 гр. какао
400 гр. ореви мелени (или друго јаткасто овошје по вкус)
20 урми без семки

Подготовка:

Во блендер додадете ги оревите, какаото и солта и добро измешајте ги.

Потоа додадете го ванила екстракт.
Додавајте ги урмите една по една во блендерот. Со додавање на повеќе урми тестото ќе се лепи поубаво и нема да се распаѓа, но исто така ќе е по густо и по благо. Затоа е неопходно да се процени доволната количина на урми.

Смесата од блендерот префрлете ја во правоаголна тава и добро притиснете ја за да ја добие формата на тавата како калап.
Ставете ја тавата со колачот во фрижидер и оставете ја околу 10 минути за да се стегне. Потоа исечете го на коцки. Колачите послужете ги декорирани со шеќер во прав или какао.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi