Колач од вишни

7 јуни, 20140
22

Состојки:
• 5 јајца
• 7 големи лажици шеќер
• 5 големи лажици бра­шно
• пра­шок за пециво
• 2 големи лажици млеко
• 1 пудинг од ванила
• 200 гр вишни
• ½ л слатка павлака

Подготовка:
Чекор 1: раз­дво­ите ги белките од жолч­ките и посебно изма­тете ги. Потоа, изме­шајте ги, дода­дете го шеќе­рот, бра­шното и малку пра­шок за пециво (на врв на нож). Сите состојки добро да се изме­шаат со мик­сер и да се ста­ват во калап за печење.

Чекор 2: загрејте ја рер­ната на 200℃. Кога ќе биде загре­ана, ста­вете го кола­чот да се пече 10–15 минути. Откако ќе се излади пан­ди­шпа­нот, пре­лијте го со варена смеса од 2 лажици млеко и 2 лажици шеќер.

за фил од вишни

Чекор 1: отстра­нете ги сем­ките од вишните, ста­вете малку шеќер и про­ва­рете за да пуштат сок. Одвојте ги вишните од сокот,  а во сокот ста­вете го пудин­гот и варете за да се згусне.

Чекор 2: во гото­виот пудинг вра­тете ги вишните и со тој фил намач­кајте го пан­ди­шпа­нот. Оста­вете го кола­чот да се излади.

Чекор 3: на изла­де­ниот колач ста­вете изма­тена слатка павлака и серви­рајте го ладен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi