Топено сиренце
10 јули, 20140
Состојки:
- 400 мл доматно пире
- 500 гр сирење (препорачуваме овчо)
- 200 гр павлака
- 150 гр кашкавал
- двопек
- маслиново масло
Подготовка:
Во огноотпорен сад за печење ставете ден ред доматно пире, па ред сирење, ред двопек, ред павлака. Редете по овој редослед се додека не го истрошите материјалот.
Одозгора изрендајте кашкавал и попрскајте со маслиново масло.
По желба зачинете со оригано.
Печете 10-15 минути во предходно загреана рерна на 250 степени целзиусови.
На здравје гезме!