Кравата го одбила, па се префрлил на овците

31 јануари, 20140
krava_469341S1

Во судница во Лондон се слушнала гласна смеа, по излагањето на тужителот – поротата не можела да се воздржи од кикотење кога тужителите опишале како кравата ги одбила обидите на заведување на наводниот силувач на овци.
На судењето на 61 годишниот Пол Ловел, тужителите го претставиле тврдењето на сведокот – млад пар кој бил на пикник на поле во близина на Лондон. Тие тврделе дека го виделе Ловел обидувајќи се да има секс со овца само неколку минути откако го направил истото со кравата, која го одбила.
Ловел бил оддалечен околу 200 метри од парот и наводно лежел на под и ги соблекувал гаќите пред да започне со своите обиди на секс со животните.
Кога кравата го одбила, тужителот и објаснил на поротата дека Ловел одлучил да си ја испроба среќата со некои овци, по што поротата прснала од смеа.
На судијата, од друга страна, не му било смешно и и изрекол опомена на поротата поради смеењето.
Против Ловел беа отфрлени обвиненијата за егзибиционизам поради недостаток на докази, но затоа пак беше обвинет за “јавно посрамотување поради вршење фелацио на крава”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi