Како светот гледа на тетовираните девојки!

28 февруари, 2014
Tattoo-Girls-4

Работите и трендовите се променија. Тетоважите се израз на животниот стил или нешто што е значајно да го обележат како дел од себе, оние на кои им значи.

Но, секогаш постоеле и ќе постојат луѓе со предрасуди и ќе се среќавате со не многу пријатни ситуации.

1. Кога некој непознат ќе види дека имате тетоважа, лесно си дозволува да ви стави етикета: панкерка, хипстерка…само поради вашите тетоважи.

2. Ако видат дека имате една тетоважа, мислат дека им е дозволено да ве прашаат дали имате тетоважа на некое интимно место.

3. Сигурно многу пати ви рекле дека којзнае колку ужасно ќе изгледате во венчаница.

4. Ве сметаат за силна и бесчувствителна жена.

5. Кога одите да се тетовирате и кога ќе ве видат дека сте девојка, тату мајсторот стопати ќе ви нагласи дека може многу да ве боли.

6. Ако немате конкретна идеја прво ви нудат да истетовирате пеперутка.

7. Сигурно многумина ви рекле дека мажите не сакаат тетовирани девојки.

8. Луѓето кои се интересираат за тетоважата, се нервираат ако не сакате да им го кажете значењето и не ве оставаат на мир.

9. Ако имате тетоважа на некој друг јазик, луѓето претпоставуваат дека ни вие не знаете што значи.

10. Сите ви зборуваат дека за неколку години ќе си ја замразите тетоважата и ќе сакате да ја отстраните.

11. Сите ве прашуваат како ќе ви изгледа тетоважата кога ќе остарите

12. Сигурно многу ви рекле дека тетоважите на телото ќе ви изгледаат одвратно ако забремените или се здебелите.

13. Постарите мислат дека се тетовираат само војници и проститутки.

14. Ве сметаат за агресивна и неморална.