Анџелина вришти во када, нејзините деца се валкани и се тепаат!

30 април, 20140
18

Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит очигледно не владеат со ситуацијата во својот дом, тврди некогашната дадилка. Со оваа констатација се согласуваат и дел од нивните соседи, кои велат дека американските филмски ѕвезди премногу им допуштаат на своите деца.
Не се знае кој е полош. Сите постојано се тепаат, се гаѓаат со храна, вриштат од утро до мрак, а збунетите родители не се трудат да ги дисциплинираат – изјавиле соседите.
Нивната чистачка е на чекор до нервен слом. Работи од утро до мрак и никогаш не видела понеуредни деца. Собите им се полни со расипана храна, валкана облека и мртви бубашваби. Ни едно дете не средува зад себе, а и родителите сметаат дека тоа е под нивното ниво – изјавила дадилката.
Џоли е очигледно најслабата карика во семејството. Кога ќе се појави проблем, таа само ќе исчезне или ќе прибегне кон терапијата со вриштење. Ќе ја наполни кадата ќе седне во вода и ќе почне да вришти на цел глас – вели дадилката која додава дека единствениот нормален во семејството е Бред Пит.
Анџелина и Бред токму поради децата се непожелни во 12 луксузни хотели ширум светот. Од овие објекти ги замолиле да напуштат бидејќи децата го уништувале мебелот.

Foto: AP

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi