Поради кои причини партнерот се одалечува од вас?

31 јануари, 20140
Young couple

Ладнокрвност

Ладнокрвноста во некои случаи е добра, а во некои лоша особина, но дефинитивно не треба да ја има во вашата врска. Доколку сте рамнодушни спрема партнерот големи се шансите тој да Ве напушти. Мажите понекогаш ја сакаат ладнокрвноста кај жените, но не и кај својата девојка, а тоа за нив значи незаинтересираност или незадоволство, што сигурно ќе заврши со прекин.

Љубомора

Љубомората е повеќе од познат проблем во скоро секоја врска. Но, овде не станува збор за класичната љубомора, туку за метод кој многу девојки го користат за да го принудат партнерот повеќе да ги засака, применувајќи постапки со што ќе предизвикаат љубомора кај партнерот. Ова е многу ризичен начин на придобивање на партнерот бидејќи постои голем ризик да го загубите засекогаш. Затоа, ако нешто ви пречи, подобро отворено поразговарајте.

Непочитување

Секако дека со вашиот партнер треба да бидете опуштени, но внимавајте кога сте во друштво, мажите не сакаат нивната партнерка да прави многу шеги на нивна сметка пред другите. Тоа тие го сметаат како непочитување. Тоа не значи дека треба секогаш кога сте во друштво да го држите јазикот зад забите, но внимавајте да не претерате, бидејќи обична шага може да ви направи сериозни проблеми, па дури и прекин на врската.

Прељуба

Ретки се мажите кои простуваат прељуба. Прељубата значи сериозна повреда на гордоста на еден маж. Доколку сте направиле такво нешто, подобро навремено признајте си ја грешката. Ако добиете прошка, тогаш бидете сигурни дека таквиот партнер никогаш не треба да го одалечите од себе или пак да му направите било што слично повторно, зошто сте навистина вредни за неговиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi