Погледнете како ќе ве разубави откажувањето од цигарите

26 декември, 20140
7

1. Ќе имате поцврста кожа.
Пушењето го уништува колагенот и еластичноста на кожата, го намалува нивото на естрогенот кој е неопходен за сочување на цврстината на кожата.

2. Ќе ви се намали црвенилото на кожата.
Пушењето поттикнува воспаленија на кожата, кои создаваат слободни радикали и ги оштетуваат крвните садови. Истото важи и за честото изложување на пасивно пушење. Доколку престанете да пушите, штетата може да се поправи. После неколку недели без цигари, се намалуваат знаците на воспаленија, особено оние поврзани со срцевите болести.

3. Намалување на темните кругови околу очите.
И понатаму не постои чудесен лек против темните подочници. Но, едно е познато – пушењето само го влошува овој проблем. По откажувањето од цигарите, подочниците не се толку видливи, а и самите очи делуваат посвежо. Отровите од димот на цигарите го оштетуваат осетливото ткиво околу очите.

4. Ќе имате почист тен.
Колку повеќе пушите, толку изгледате постаро. Ќе имате повеќе брчки кои ќе бидат подлабоки, неизедначен тен и генерално безживотна кожа. Секој 10 години пушење, ќе ве остарат дополнително за 2 ипол години.

5. Побели заби и нокти.
Од пушењето жолтеат забите, имате лош здив и дамки на ноктите. Сето ова може да исчезне ако престанете.

6. Ќе имате и повеќе самодоверба.
Со престанувањето да пушите, не само што ќе се поправи вашиот тен, коса, кожа и заби, туку и целокупниот изглед. Докажано е дека оние кои пушат имаат понегативна слика за своето тело.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi