Официјално претставување: LG G4!

29 април, 20150
15

Корејскиот гигант LG вчера официјално го претстави својот долгоочекуван модел G4, кој носи неколку новитети на сцената. Да погледнеме дали може да се натпреварува со iPhone 6 и Galaxy S6…

Од аспект на дизајн, телефонот воведува повеќе новини – тука е малата заобленост (од горе надолу) на куќиштето, кое според LG би требало да овозможи поголема ергономија и леснотија за држење. Задниот дел доаѓа во две варијанти – стандардно куќиште изработено од пластика во дијамантски дизајн (сликата подолу) или пак целосно кожно куќиште во неколку бои (сликата подолу).

Предност е што постои слот за MicroSD картичка, како и можност самите да ја промените батеријата.

01

 

Екранот повторно е со големина од 5,5 инчи и QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели, но постојат големи подобрувања од аспект на бои, контрасти (до 50% поголем) и осветлување (до 30%).

Новиот модел доаѓа со помалку популарниот hexa-core Snapdragon 808 процесор со 64-битна архитектура. Овој модел поседува 6 јадра (4+2), поточно 4 Cortex-A53 јадра и две Cortex-A57 јадра, надополнети со Adreno 418 графички процесор и 3GB RAM меморија.

02

 

Според LG, процесорот е одбран заради оптимални перформанси и потрошувачка, бидејќи поголемиот дел од моќта на Snapdragon 810 сеуште не е искористена. Сепак, постојат шпекулации дека послабиот модел е одбран заради проблеми со прегревање на уредот.

Камерата на задната страна е со резолуција од 16 мегапиксели и сопствен LG сензор со f/1.8 леќа и можност да прима до 80% повеќе светлина од претходниот модел. На предната страна се наоѓа 8 мегапикселна камера со посебен инфраред филтер, кој ќе ви овозможи одлични #selfie фотографии со реалистични бои и контрасти.

Батеријата во телефонот е со големина од 3,000 милиампер часови, а уредот ќе работи на Android 5.0.2 Lollipop со посебен интерфејс од LG. Цената за отклучената верзија се очекува да биде околу 680 долари за основниот модел со 32GB меморија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi