Вознемирувачко видео: Акушерка крвнички претепува новороденче

29 април, 20150
Вознемирувачко видео: Акушерка крвнички претепува новороденче

Акушерката Емилија Ковачева го повредила черепот на едно новороденче мавајќи го по главата со стаклено шише и тупаници за да престане да плаче.

Овие ужасни мачења ги преживеало новородената Никол во софиската болница. Бруталните сцени на насилство извршени од акушерката Ковачева, биле снимени од безбедносните камери на здравствената установа ноќта на 17 наспроти 18 април.

Копија од нив беше доставена до медиумот “Бугарија Денес” од колегите на Ковачева. Иако постои опасност за отпуштање од работа и изразување забрана од страна на обвинителството, тие се осмелија да ги испратат снимките поради стравувањата дека деталите од случајот ќе се прикријат.

Затоа со новинарот на весникот тие ги споделија бруталните сцени на насилство. Ова видео не е за луѓе со слаби нерви, односно под 18 години.

Инаку, за ова се огласи и бугарското Министерството за здравство и започна да ја проверува работата во приватната болница “Софијамед”, откако акушерка претепа новородено дете. Ова го дознава бугарскиот медиум “Дневник” од ресорниот министер Петар Москов.

Москов, кој е анестезиолог по професија, коментираше дека му е тешко да разбере што се случило, за да се дојде до инцидентот и очекува за тоа да се изјаснат надлежните органи – обвинителството и медицинските експерти.

-Доброто, ако може да има добро во таква ситуација, е дека реакцијата на колегите била добра. И моите информации од утрото се дека детето е надвор од животна опасност. Се надевам тоа ќе продолжи да биде така, истакнал Петар Москов за бугарските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=0QYMQ5z60qI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi