Како да препознаете оргинално ладно цедено маслиново масло

30 мај, 20150
9

Иако ладно цеденото маслиново масло знаеме да го платиме и неколку пати поскапо, сепак не сме сигурни дека не сме добиле мешавина од соино или друго поевтино масло. Еве како да го препознаете оригиналното. Тешко е да се утврди само по вкусот. Дури и стручњаците знаат да бидат збунети. Но, сепак постоја два начина.

Како да утврдите дека е вистинско ладно цедено масло

Ладно цеденото маслиново масло се згуснува на ладно. Во ладилникот би требало да стане матно и да се згусне. Кога е на топло, пак станува потечно. Освен тоа, вистинското ладно цедено масло е запаливо и памучните нишки од газиените ламби треба да горат во вакво масло. Ако не горат, маслото не е чисто.

Каде да купите оригинално маслиново масло

Најдобро е од локални продавачи што ги познавате или да пронајдете компанија чии производи имаат сертификати дека маслото е органско и чисто. Ценат не е веродостоен показател.

Чување на маслото

Топлината и светлоста предизвикуваат побрзо расипување на маслото. Купувајте го она што се продава во темни стаклени шишиња, а откако ќе го донесете дома, чувајте го во орман, но никако во близина на шпорет или друг извор на топлина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi