Анален секс: На што да внимавате и како да си го олесните?

28 февруари, 20150
21

Од кога се практикува?

Се до 18-тиот век, сите сексуални акции кои не биле поврзани со создавање потомство биле забранети.

На тој попис се наоѓал хомосексуалниот секс, аналниот секс и сексот со животни. Тогашните друштвени и сексуални норми биле поврзани и со силно влијание од црквата.

Меѓутоа, во антички Рим, аналниот секс со робовите бил знак за моќ на нивните владетели.

Во втората половина на 13-тиот век во Европа, аналниот секс помеѓу двајца мажи се смета за грешен и се претвора во дело казниво со смрт.

Дури на крајот на 18-тиот век, укината е смртната казна и заменета со затвор. Во 2003 најпрво САД ја укинале казната за анален секс.

Аналниот секс денес:

Дури 1/3 од мажите денес, редовно практикуваат анален секс. Гледајќи од физички агол, за мажите овој тип секс е многу поинтензивен.

Имено, аналниот отвор е многу потесен од отворот на вагината, така што пенисот е многу повеќе стимулиран.

Жените се по малку затворени на оваа тема, што не значи дека не го практикуваат. Многу жени го одбиваат аналниот секс затоа што сметаат дека е понижувачко и болно искуство.

Кај најголем број од нив- или никогаш не пробале анален секс, или партнерот им бил премногу груб.

На што да внимавате и како да си го олесните?

Аналниот секс може да биде болен ако при практикувањето не се внимава на нежноста.

При самиот секс потребно е со лубрикант да се намачка и отворот на девојката како и пенисот на партнерот.

За разлика од вагината, анусот не создава никакви течности кои би можеле да ја олеснат пенетрацијата. Користете лубриканти на база на вода и силикон.

Кажете му да го стимулира вашиот анус при самата пенетрација. На тој начин мускулите на анусот ќе се опуштат и полесно ќе го примат пенисот.

Од друга страна, мажите мора потполно да се уверени дека нивната драга го прави ова чисто од љубов.

Одберете поза за анален секс:

Аналниот секс може да се практикува во бројни секс пози. Но, дефинитивно најпопуларна е doggy style затоа што истовремено може да се стимулира и клиторисот.

Паровите ја практикуваат и позата каде двајцата партнери лежат на страна, а девојката е свртена со грб кон партнерот.

Многу девојки сакаат да бидат и од горе за време на аналниот секс за да можат да уживаат во погледот на партнерот, но и да ја контролираат длабочината и јачината на неговата пенетрација.

Што не смеете да заборавите?

За време на аналниот секс забранети се груби потези, затоа што може да дојде до пукање на крвните жили во анусот.

Ако сте во долгогодишна врска и знаете дека партнерот нема никаква полово пренослива болест, не мора да користите кондом затоа што не постои опасност од бременост.

И, не заборавајте, ако пенисот бил во анусот, не смее потоа неисчистен да влезе во вагината, затоа што може да пренесе бактерии кои ќе предизвикаат непријатни инфекции.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi