Психопатологија: Која е границата меѓу здрава (стабилна) и нестабилна личност?

30 април, 20150
12

Здравата личност нема проблеми со прилагодувањето на околината и воспоставувањето хармонични односи со луѓето од своето опкружување. Има способност да ги усогласи своите желби и стремежи со реалните можности и знае да ги контролира емоциите. Покажува истрајност во работата и во постигнувањето на целите, и успешно се носи со стресот и неуспехот. Типичните карактеристики на здравата личност се: способноста за самостојно донесување одлуки, толеранција, стрпливост, критичност, доследност и уважување.

Нестабилната личност ја опишуваат следните поими: невроза, психоза и растројство на личноста, во зависност од длабочината и тежината на симптомите кои ја опишуваат. Растројствата на личноста не се класичните психички болести, како на пр. невроза и психоза, туку означуваат состојби или модели на однесување кои откриваат карактеристичен стил на живеење и начините на кои комуницира со другите. Едно од најчестите нарушувања на личноста е Border line – гранично нарушување, кај кое е присутна трајна недоследност, нестабилност и импулсивност во однесувањето, со чести вербални испади на бес. Нивните нагони владеат со волјата, па затоа се тешки и за себе и за околината.

Со помош на психотерапија можат да се ублажат пречките, ама не можат да се излечат.

Mentalizacija-i-neutralizacija

Личноста која страда од ова нарушување има голем дел од следните симптоми:

# 1. Френетичен напор да се избегне реално или имагинарно напуштање.

# 2. Шаблон на нестабилност и напнатост во интерперсоналните релации со наизменично
осцилирање меѓу идеализација и девалуација (или демонизација).

# 3. Пореметеност на идентитетот, значително и константно нестабилна слика за себе и
чувството за себство.

# 4. Импулсивност во најмалку две од областите кои се потенцијално штетни за себе (шопинг,
прејадување, промискуитетност, злоупотреба на дрога алкохол и слично, лудо возење,
итн.).

# 5. Можно суицидално однесување кое се манифестира преку автодеструктивни постапки како
на пример одредени гестови, закани или само­унаказувачки постапки.

# 6. Емоционална нестабилност заради значителна реактивност во однос на расположението
(интензивни дисфорични епизоди, иритабилност или анксиозност која трае од неколку часа
до неколку дена).

# 7. Хронично чувство на празнотија.

# 8. Несоодветен, интензивен гнев или потешкотија да се контролира гневот (чести изливи на
лутина, постојано присуство на гнев, рекурентни физички или вербални пресметки).

# 9. Повремени параноидни мисли поврзани со стресна состојба или појава на јаки
дисоцијативни симптоми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi