Првиот кинески клон на Galaxy S7!

26 јули, 20160
7

Пред неколку недели, кинескиот производител Elephone (кој веќе е познат на македонскиот пазар), најави дека работи на телефон со заоблен екран, изработен од стакло и метал. Конечно може официјално да се запознаеме со него…

Несомнено, телефонот е инспириран (барем во дизајнот) од популарниот Galaxy S7. Дури и самото име на телефонот е Elephone S7, што е доволен доказ дека станува збор за бесрамна копија. Како што ќе забележите на фотографиите, покрај различното лого на задната страна, како и позицијата на камерата, уредот е скоро идентичен на Galaxy S7.

Од аспект на перформанси, Elephone S7 ќе биде опремен со deca-core MediaTek Helio X20 процесор, 3GB RAM и просторо за складирање на податоци од 32 гигабајти, кој може да го проширите преку MicroSD картичка.

Екранот е со големина од 5,5 инчи и поседува FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели. Задната камера ќе биде со резолуција од 16 мегапиксели, додека пак предната камера ќе биде со резолуција од 8 мегапиксели. Цената на телефонот би требала да се движи околу 150 евра, што е изненадувачки со оглед на спецификациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi