22 септември, 2019

Радио

Ова се 7 мошне значајни работи кои ги учиме со текот на времето, а кои ја намалуваат нашата тага и нерасположение кога тие ќе ги обземат нашите денови.

  1. 99 % од времето ќе се чувствувате подобро ако излезете надвор. Не ги отфрлајте поканите и обидите на блиските да ве извадат надвор од домот или вашата соба. Сретнете нови луѓе и зборувајте за нештата кои ви значат.
  2. Фотографирајте ги вашите пријатели. Нивните насмевки, раце, лица, стопала. Фотографирајте ги и чувајте ги тие слики, а потоа заедно сеќавајте се на моментите. Не го правете тоа за Фејсбук или Инстаграм, правете го за себе и за нив, за вашите спомени.
  3. Пијте чај секодневно. Пијте чаеви кои ги сакате, а кои ќе ве опуштат и смират по сите тешки и стресни денови.
  4. Ако сакате некоја личност, кажете и го тоа. И, покажете и го тоа. Не се плашете од тоа да се отворите и не се плашете од нејзината реакција. Подобро е да се биде отворен и искрен, наместо да се чуваат чувствата во себе.
  5. Кога сте тажни, зборувајте со луѓето. Изберете ги оние кои можат да ви пренесат мудрост, кои можат да ве насмеат, оние кои минале низ тешки моменти и оние кои можат да ве инспирираат.
  6. Читајте. Не ги читајте книгите кои сите ги читаат, туку оние нешта кои вам ве интересираат. Бидете мудри и заинтересирани за нештата.
  7. Живејте во моментот. Не размислувајте премногу за големата слика. Не мислете на иднината, туку уживајте во сите мали нешта кои ги нуди секој нов ден.

Остави коментар

Почетна // КАЛАБАЛАК // Работи кои ги учиме со текот на времето, а кои ја намалуваат нашата тага и нерасположение
Горе