Хонг Конг – Најпосетуваниот кинески град

6 август, 20160
18

Хонг Конг е азиска метропола која како да е намерно создадена за да биде фотографирана…

Од било која страна и да го посматрате, овој за многумина збунувачки град, самиот на себе си претставува најдобра реклама, најдобар профил со извонредни елементи и пејзажи кои говорат самите за себе. Редок е туристот кому што Хонг Конг не му се допадне уште на прв поглед. И не станува збор само за фактот дека сте дел од огромна, сјајна и динамична метропола која живее 24 часа дневно, која покрај впечатливите неонско осветлени широки булевари, умее да биде и оаза на мир и спокојство.

 

Станува збор за тоа дека Хонг Конг претставува единствен дел од мозаикот која што го прави метропола каква што секој голем град посакува да биде и истовремено и хаотичен и многу добро организиран, густо населен, извонредно чист и сигурен, направен од челик и стакло, опкружен со море, плажи и зеленило.

 

Хонг Конг е туристичка дестинација која го освојува посетителот со своите контрасти! Во еден момент се наоѓате во мала и непрегледна улица, преполна со улични продавачи на невообичаени работи за јадење, во наредниот имате чувство како да сте биле телепортирани во друга галаксија, се наоѓате под модерен трговски центар и уживате во архитектурата на современото време.

 

Хонг Конг е единствено шарен калеидоскоп кој претставува склоп на неверојатно различни елементи, толку добро меѓусебно вклопени. Без разлика што функционира како добро подмачкана машина, обичниот посетител најмногу го цени времето поминато помеѓу луѓето кои што го создаваат неговото секојдневие. Како културен калеидоскоп во кој се среќаваат западната култура и азискиот дух, Хонг Конг е сведок на брзите промени кои му ги наметнала бурната историја.

 

Самиот град е поделен на три дела: Хонг Конг Исланд (остров), Коулун и Нова територија и целиот е во ридови, па затоа во текот на неговата историја било потребно да се осмисли најлесен начин на движење. Затоа се направени подвижни скалила на отворено, а во централниот оддел се монтирани долгите подвижни скалила на светот, наречени Мид Левелс Ескалатор (Mid Levels Escalator).

 

Како и секоја друга модерна метропола, Хонг Конг худи одличен начин на исхрана, односно кујна. Убави локални специјалитети може да дегустирате и на уличните тезги, во импровизираните ресторани во улицата Темпл (Temple Street), но оние кои се држат до префинетоста, не смеат  да не се почестат со ексклузивна вечера во Аква барот на 29-ти и 30-ти кат од Tsim Sha Tsui, од каде што имате прекрасен поглед на целиот град…

Хонг Конг исто така ви нуди и единствени масажи со стапала и уникатни доживувања во спа центрите во хотелот Фор Сизон, како и во Мандарин Спа. Локалната легенда вели дека последната царица ја применувала оваа терапија за нега на лицето, како кожата би ú изгледала млада и здрава.

 

Името на градот Хонг Конг значи „мирисливо пристаниште“ и é град со огромен потенцијал, совршена позиција, прекрасни плажи, фантастичен поглед на заливот, зачувана традиција, кои сите заедно ќе ви направат да пронајдете нешто единствено за себе и да посакате да се вратите овде уште во првата прилика.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi