25 февруари, 2017

Радио

Велат, животот е книга, а оној кој не патува…има поминато само неколку страници. Затоа, Ви нудиме место кое задолжително мора да го посетите, а кое освен што ќе ви донесе позитивно искуство ќе Ви понуди и голема доза на релаксација. Овде, инспирација е хармонијата. Нема да погрешите доколку ги посетите пештерите Galos.

Во 1912 година, на Светската изложба во Париз, кримската сол била наградена од група специјалисти со златен медал. Истата е толку мистериозна, како и морето од кое што доаѓа- Црното Море. Постапката за настанувањето на солта е природна: водата од Црното Море се влева во специјални базени каде што 4-5 години е изложена на сонце. Така настанува процесот на кристализација, кој е основата на прекрасните градби во вид на пештери- наречени Galos.

Стекната на овој начин, солта има деликатна розова боја, како онаа од крилјата на птицата фламинго или боја на младо вино. Големите кристали кои настануваат, треперат како дијаманти и имаат деликатен мирис на цветови.

Технологијата на градење на пештери од јодирана сол, е развиена во  108 држави, а компанијата Everes во Полска, во 2000 година за прв пат ја гради пештерата Galos. По нејзин пример е изградена и втора пештера изработена од јонизирана сол, во Чикаго.

Условите за престој во пештерите Galos се следниве:  носење удобна спортска облека, храна и пијалоци не се дозволени во истата, една сесија во пештерата трае 45 минути  а истите ќе Ви бидат можеби  најубавите 45 мин во животот. Дозволете си ги…

Остави коментар

Почетна // патување // ДЕСТИНАЦИИ // Солената пештера Galos
Горе