25 февруари, 2017

Радио

Состојки:

  • 250 гр маргарин
  • 6 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 200 гр црно чоколадо за готвење
  • големо пакување кекс – 500 гр
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1/2 л јако црно кафе

Начин на подготовка:

Белките одвојте ги од жолчките. Жолчките разматете ги заедно со половина од количината шеќер, да бидат пенасти, и гответе ги на пареа, додека не згуснат. Кога тоа ќе се излади, додајте разматен маргарин заедно со останатата половина шеќер. Соединете ги маргаринот и жолчките и во таа смеса додајте растопено чоколадо.

Белките разматете ги во снег и постепено додавајте ги во кремот со жолчки, мешајќи со дрвена лажица.

Згответе црно или филтер кафе, околу половина литар, и во него натопете го кексот. Редете еден ред кекс, еден ред фил. Тортата потоа декорирајте ја по желба.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Вкусна кекс торта со кафе
Горе