Аца Лукас за коцкарските долгови: Секогаш имав барем за кутија цигари
30 август, 20160
Фолк пејачот Аца Лукас ги демантираше тврдењата дека постои голем број на луѓе на кои им должи пари.
– Нормално се случувало некој да ми остане должен за одредена сума, многу пати и сум позајмувал, но сега навистина немам долгови. Никој не ме брка за пари, признал фолкерот за српските медиуми.
Исто така тој додал дека кога се коцкал бил во голема финансиска криза и во огромни долгови.
– Сите тие долгови од минатото ми се вратени и никогаш не сум бил во криза за да немам пари за цигари. Веројатно никогаш нема ни да дојдам во таква ситуација, заклучува фолкерот.