Кои се добитниците на престижната награда Оскар?

29 февруари, 2016
15

На 88то издание на Оскарите кое се одржуваше до раните утрински часови во Долби театарот во Лос Анџелес Леонардо ди Каприо ја доби најпрестижната филмска награда во категорија најдобар главен актер за улогата во филмот “Повратник” (The Revenant) во режија на Алехандро Ињариту кој, пак, ја доби статуетката за најдобар режисер.

Сепак, на самиот крај на неизвесната трка, Оскарот за најдобар филм го освои “Разоткривање” (Spotlight).

За најдобра главна актерка е прогласена Бри Ларсон, за нејзината улога во емотивниот филм “Соба” (Room).

Инаку, oва беше шестата номинација на Ди Каприо која конечно му донесе признание од Американската филмска академија.

Лео првата номинација за Оскар ја доби во 1994 година за улогата во филмот “Што го јаде Гилберт Грејп”.

Следната негова номинација дојде во 2005 година, кога беше номиниран за најдобар актер во “Авијатичарот”, а истото се случи и во 2007 година со “Крвави дијаманти”.

Минатата година тој беше номиниран за Оскар како продуцент и главен актер за филмот “Волкот од Вол стрит”, но беше “поразен” од Метју Меконахи.

Неговата актерска кариера на големото филмско платно трае долги дваесет и пет години, а првиот филм Critters 3 го сними во 1991. година.

Најдобра машка улога Марк Рајленс за улогата во “Мостот на шпионите”

Најдобра женска улога Алиша Викандер за нејзината улога во филмот “Девојката од Данска”

Најдобар режисер Алехандро Гонзалес Инриту за “Враќањето”. Тој освои “Оскар” за режија за втора година по ред. Минатата година тој ја грабна престижната статуетка за филмот “Брдмен”. Лентата триумфира и со други важни награди – за филм, оригинално сценарио и кинематографија.

Најдобро адаптирано сценарио Чарлс Рандолф и Адам Меккеј за “Големиот залог”

Најдобро оригинално сценариоТом Макартни и Џош Сингер за “Спотлајт”

Најдобро странско говорно подрачје филм Унгарската лента “Синот на Саул”, а најдобар документарен филм “Ејми”

Најдобра филмска музика Легендарниот филмски композитор Енио Мориконе го освои “Оскар” за музиката “омразена осморка”, со што стана најстариот носител на наградата. Само пред неколку месеци тој наполни 87 години.

Најдобра песна од филмот “Writing’s On The Wall”. За тематски парче од “Спектар” – најновата лента за авантурите на Џејмс Бонд, британскиот пејач и текстописец Сем Смит веќе освои награда “Златен глобус”.

Најдобри визуелни ефекти “Ex Machina: Бог од машината”

Најдобар анимиран филм “Внатре надвор”.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi