Храна што ја зголемува енергичноста

29 октомври, 20160
1

Храна што ја зголемува енергичноста

Ве фаќа замор на средина на денот? Еве што треба да јадете и пиете.

Се чувствувате млитаво, уморно и ништо не ви се прави? Чувствувате замор на работното место? Не треба да посегнувате по енергетски пијалоци. Пробајте некои од овие намирници и сигурно ќе ве преплави енергија.

Спанаќ

Дали постои нешто што спанаќот не може да го реши? Полн е со хранливи материи – влакна, витамин К (за коските), лутеин (за очите), а некои истражувања покажуваат и дека им помага на мускулите во текот на физички активности. Но во него има и многу железо, што значи дека може да ве „подигне“ кога сте уморни.

Сок од портокал

Витаминот Ц помага во производството на карнитин, чии маснотии ги претвора во енергија. Со чаша цеден портокал, плус доволно овошје и зеленчук (пиперка, брокола, јагоди), ќе бидете полни со енергија.

Банани

Уште една чудотворна намирница што е полна со хранливи материи. Бананата ќе ве снабди со енергија и ќе ви го одржи шеќерот во крвта на стабилно ниво.

Јајца

Протеините од јајцата, посебно оние од белката, ни помагаат да останеме будни и да ја одржиме концентрацијата.

Грчки јогурт

Овој кремаст десерт ќе ви пружи двојно повеќе протеини од обичен јогурт, што ќе помогне во одржување на нивото на енергија.

Киноа

Оваа намирница е занемарена кај нас, а може да се набави во сите продавници за здрава храна. Нејзините сложени јаглени хидрати го одржуваат нивото на шеќер во крвта, што значи дека нема да ви падне нагло енергијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi