25 февруари, 2017

Радио

Секоја жена заслужува да пронајде партнер кој ќе ја почитува и ќе направи сѐ што е потребно за таа да се чувствува сакано…

Наместо да се фокусирате околу правилата за врските и браковите, внимавајте на овие 10 работи кои добриот маж никогаш не би ги направил.

Дали вашиот партнер ги има овие карактеристики?

1. Добриот маж никогаш не бира според изглед

„Ќе беше супер ако си малку повисока”, „Дали би можела повеќе да се шминкаш?”, „Вежбаш нешто и како планираш да ги симнеш овие вишок килограми?”… Доколку му дозволите на партнерот да го критикува вашиот физички изглед, тогаш вашата самодоверба ќе се намали и сѐ потешко ќе можете да излезете од лошата врска. Ставете крај. Уште денес.


2. Добриот маж нема да ви ја нарушува приватноста

Во здрава врска не постои ниту една причина за да има било какви тајни. Вашиот партнер нема право да бара од вас да го оставате мобилниот телефон на маса додека сте заедно или да бара од вас да му дадете пасворд од некоја социјална мрежа.


3. Добриот маж нема да ве обесхрабрува

Тој секогаш ќе ви ја дава потребната поддршка и помош, а никогаш нема да ве обесхрабри или навреди.


4. Добриот маж ќе ја препознае вашата вредност

Со добриот маж нема да имате потреба да ја докажувате својата вредност или љубов, бидејќи тој знае колку вредите.


5. Добриот маж нема да ве стави на второ место

Во ред е да постојат пријатели, семејство, социјален живот, но не е во ред ако мажот ја турка жената на дното од неговата листа на приоритети. Откога ќе му откажат сите ако тој ви се јавува вам, едноставно не ви е потребен.

10-raboti-koi-dobriot-maz-nikogas-ne-bi-gi-napravil-02.jpg

6. Добриот маж нема да прави да се чувствувате осамени во врската

Врските се тим и тие треба да го прават вашиот живот полесен, а не да го комплицираат. Ако се чувствувате како самите да ја водите врската, тогаш време е да и ставите крај и да пронајдете добар маж кој тоа нема да го дозволи.


7. Добриот маж нема да ве изневери

Добриот маж никогаш нема да ве изневери бидејќи тоа ќе значи дека тој го прекршил ветувањето кој го дал на личноста која ја сака.


8. Добриот маж секогаш ќе ве почитува

Тој секогаш и секаде ќе покажува почит за вас и никогаш нема да се осмели да ве понижи пред некого.


9. Добриот маж не избегнува разговор

Без разлика дали станува збор за иднината на врската или за минатото, добриот маж секогаш ќе одвои дел од времето за долг разговор.


10. Добриот маж никогаш нема да ве повреди

Емоционално или физички, добриот маж никогаш нема да се осмели да биде нечувствителен кон вас.

10-raboti-koi-dobriot-maz-nikogas-ne-bi-gi-napravil-03.jpg

 

 

Остави коментар

Почетна // живот // љубов и секс // Внимавајте на овие 10 работи кои добриот маж никогаш не би ги направил
Горе