Шампањот е добар за мозокот и срцето

31 октомври, 20160
2

Едно истражување направено од британски научници од универзитетот во Ридинг покажува дека шампањот е добар и за мозокот и за срцето, пренесуваат локалните медиуми.

Шампањот содржи полифенол, органски молекули кои ги шират крвните садови, но и кои делуваат и како антиоксиданси, односно субстанци кои ги штитат ќелиите на нашиот организам од оксидациското дејство на слободните радикали.

Истражувачите од истиот универзитет потврдуваат и дека консумирањето две чаши црно вино на ден допринесува за намалување на срцевите проблеми.

Полифенолот го има повеќе во црно отколку бело вино. Шампањот во најголема мера се произведува од црни видови на грозје, поради што е добар за здравјето, наведуваат британските научници во своето истражување.

Полифенолите не се присутни само во алкохолот. Чајот, маслинките, лукот, броколата, пиперката и боровницата исто така се богати со овие органски молекули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi