„Деветка“: Пристигнува најмоќниот телефон на Nokia

2 мај, 20170
14

Оваа година Nokia предводена од HMD Global претстави три паметни телефони кои што имаат солиден хардвер и пристапна цена, а нивната продажба на глобалниот пазар започнува наскоро.

Но, според гласините, се чини дека најдоброто од Nokia допрва ќе дојде. Иако од компанијата не сакаат да зборуваат премногу на таа тема, нивните инжинери наводно напорно работат на развојот на најмоќната Нокиа досега.

Станува збор за Нокиа 9 – паметен телефон кој што хардверски без проблем ќе може да им конкурира на најмоќните паметни телефони на пазарот како што се Galaxy S моделите на Samsung и секако iPhone на Apple.

Нокиа 9 ќе пристигне со Snapdragon 835 процесор, 6 GB RAM, 64 односно 128 GB интерна меморија и батерија со капацитет од 3800 mAh. Можеме да очекуваме и OLED екран со дијагонала од 5,5 инчи, две задни камери и опции како водоотпорност, скенер на ирисот на окото и OZO аудио технологија.

Доколку овие гласини се покажат како точни, а посебно ако овој паметен телефон биде поповолен во однос на конкуренцијата кога е во прашање цената, Nokia 9 би требало да привлече голем број на корисници. Тоа ќе претставува огромен исчекор кон исполнувањето на амбициите на првите луѓе на компанијата – Нокиа да биде вратена на врвот на мобилниот пазар.

Според последните информации, официјалното претставување на Nokia 9 можеме да го очекуваме во јуни оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi