17 октомври, 2017

Радио

СОСТОЈКИ:

Бисквити(300 Грама)

Млеко(800 Милилитри)

Брашно(2 Супени лажици)

Нишесте (пченкарен скроб)(3 Супени лажици)

Шеќер(150-200 Грама)

Путер(1 Супена лажица)

Какао(2 Супени лажици)

Банана(2 )

Мелени ореви(150-200 Грама)

ПОДГОТОВКА:

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

Во тенџере измешајте ги брашното, нишестето, какаото и шеќерот.

Префрлете го тенџерето на рингла, мешајте со жица и постепено додавајте го млекото, не прекинувајте со мешање. Зовријте ја смесата постојано мешајќи.

Откако ќе зоврие, додајте го маргаринот или путерот и мешајте додека се растопи, па откако смесата ќе стане густа тргнете од оган и оставете да се олади.

На работната маса, ставете големо парче проѕирна фолија. Редете ги бисквитите една по една (наредете 12 бисквити, 3х4). Потоа премачкајте ги со слој од изладениот чоколаден пудинг. Одозгора прекријте со уште еден слој бисквити, па слој чоколадо и слој бисквити само од левата и десната страна.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Бисквит ролат со чоколаден пудинг
Горе