11 декември, 2017

Радио

Состојки

За кора:

10 јајца

10 лажици шеќер

8 лажици мелени ореви

4 лажици брашно

1 прашок за пециво

за прелив на кората: 500 мл чоколадно млеко

Фил:

500 гр шлаг во прав

6 дцл кисела вода

700 гр кисела павлака

250 гр шеќер во прав

300 гр мелени плазма бисквити

Направете цврст снег од 5 белки и постепено додавајте 5 лажици шеќер и мешајте се додека шеќерот не се стопи. Додавајте 5 жолчки една по една при тоа постојано мешајќи со миксер. После тоа измешајте 4 лажици мелени ореви, 2 лажици брашно и половина прашок за пециво. Кога тоа ќе го додадете, измешајте внимателно со жица. Смесата префлете ја во сад за печење обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени додека не добие златно кафена кора. Од останатиот материјал испечете уште една кора.

Фил:

Изматете шлаг со 6 дцл кисела вода. Киселата павлака, плазмата и шеќерот во прав измешајте ги, и во тоа додадете 6 лажици матен шлаг. Се добро да се соедини.

Кората се префрла на тацна и се полива со 250 мл чоколадно млеко. Се премачкува со половина од филот, и врз филот половина од шлагот. Се покрива со втората кора која се посипува со преостанатото чоколадно млеко, втората половина од филот и шлагот. Неколку часа тортата треба да отстои во фрижидер.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Чоко-плазма торта
Горе