16 октомври, 2019

Радио

Состојки:

500 гр кори за лазањи

За бешамел сос:

–          50 гр путер, 50 гр брашно, 7,5 дл млеко, сол, 1 чешне лук

За сосот од домати и моркови:

–          1 главица кромид

–          Маслиново масло

–          1 чешне лук

–          200 гр дршки од целер

–          300 гр домати

–          2 моркови

–          100 гр кашкавал

–          1 лажичка оригано

–          Бибер

Приготвување:

За бешамел сосот направете светла запршка од путерот и брашното, додадете го млекото и гответе мешајќи постојано околу 5 минути. Зачинете со сол по желба. За сосот од домати, испржете го кромидот со маслиновото масло. Додадете ги целерот и морковот,  а потоа исецканиот лук и динстајте налевајќи вода. Кога се ќе омекне, додадете ги доматите и зачинете. Варете на средна температура уште половина час.

Наредете ги лазањите во огноотпорен сад, а на секој ред ставајте бешамел сос, па сос од домати и кашкавал. Печете од 30 до 40 минути на 150 степени. Јадењето може да го декорирате со маслинки.

Остави коментар

Почетна // Рецепти // Лазањи со сос од домати и моркови
Горе