Палента со горгонзола

15 септември, 20170
13

Состојки:

– 300 гр. пченкарно брашно
– 100 гр. путер
– 150 гр. сирење горгонзола
– 500 мл. супа од коцка
– 200 мл. павлака
– сол

Подготовка:

Во водата во која сте ја ставиле коцката за супа додадете го путерот, малку посолете и сварете ја палентата. Потоа ставете ја во плех, оставете ја да се излади и па со чашки направете кругови.

На секој круг од палентата ставете по малку путер и одозгора наредете тенки листови од горгонзолата. Tака подготвената палента ставете ја во плех за печење кој претходно сте го намачкале со путер и ставете го во загреана рерна на 190 степени околу 10 минути се додека горгонзолата не се растопи.

Во меѓувреме во едно тавче ставете ја павлаката за готвење. Кога ќе зоврие, зачинете ја и додадете ја преостанатата горгонзола исечкана на коцки. На средина на чинијата ставете го сосот од горгонзолата, а врз него запечената палента.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi