Торта готова за 15 минути! Без печење!
19 април, 20170
Состојки:
- 25 чоколадни банани
- 1 пакување бисквити
- 200 мл слатка павлака
- 200 мл кисела павлака
- 200 гр шеќер во прав
- шлаг крем
Начин на подготовка:
Со миксер разматете ги киселата и слатката павлака и шеќерот во прав. Во смесата потоа додајте издробени бисквити и издробени чоко банани, па измешајте.
Смесата ставете ја во калап и обликувајте ја. Украсете со шлаг. Пред сервирање изладете во фрижидер.
Уживајте!