Здраво и вкусно:Топчиња од брокула и сирење
18 април, 20170
Состојки:
- 1 поголема брокула
- 1-2 јајца
- 50 гр брашно
- 30 гр пармезан
- презла
- лук
- млад кромид
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
Одвојте ги цветовите брокула од стеблото и гответе ги додека брокулата не омекне. Исечете ги на ситни парчиња, додајте сирење, јајца и останати состојки.
Од смесата обликувајте топчиња, посипетеги со маслиново масло и печете ги на хартија за печење. Печете ги на 200 степени 16-18 минути.