Вакум во стомакот – само една вежба која ќе ви помогне да добиете тенка половина и рамен стомак

11 мај, 20170
9

Станува збор за интересна техника која исто така се користи и во вежбањето јога. Редовното повторување на оваа едноставна вежба ќе ви помогне за многу кратко време да ги зајакнете стомачните мускули од внатрешната страна и да ја истенчите половината.

Резултатите се видливи веќе по 3-4 недели. Се разбира, што почесто ја повторувате вежбата, тоа побргу ќе ги постигнете саканите резултати. Треба да се повторува најмалку 5 пати.

На почетокот ќе ви биде тешко да ги напнете стомачните мускули и ќе ви биде потребно малку време да ја постигнете потребната позиција. Меѓутоа, кога мускулите ќе се затегнат нема да ви биде потребен голем напор да ги контролирате.

Вежба за затегнување на стомакот:

1. Почетна позиција: легнете на грб, рацете треба да ви бидат покрај телото, свиткајте ги колената и поставете ги стапалата на подот, мускулите се опуштени. Полека издишете, ослободувајќи ги белите дробови од воздухот, а притоа не напрегајќи ги мускулите на телото.

2. Ослободувајќи ги белите дробови од воздухот, почнете да ги напрегате мускулите на стомакот, обидувајќи се да го вовлечете што е можно повеќе. Притоа сопрете го дишењето. Фиксирајте го долниот дел од стомакот 10-15 секунди, потоа малку вдишете воздух, па продолжете да го вовлекувате стомакот.

3. Кога малку ќе земете воздух, не брзајте да го опуштите стомакот – напрегнете ги мускулите на стомакот и задржете го воздухот уште 10-15 секунди, и потоа повторно вовлечете го стомакот, одржувајќи ја напнатоста на мускулите. Ако ви е тешко да го задржите воздухот, земете воздух на кратко.

4. Издишете, опуштете го стомакот, направете неколку слободни вдишувања-издишувања, и потоа повторно ослободете ги белите дробови од воздухот, и вовлечете го стомакот што повеќе можете. Напрегнете ги мускулите на стомакот, a потоа исфрлете го стомакот нагоре, без да вдишувате.

Ако редовно ја правите оваа вежба за само 3 недели можете значително да ги зајакнете внатрешните стомачни мускули , што ќе доведе до намалување на обемот на половината, како и на изгледот на стомакот, кој значително ќе се израмни и ќе придонесе вашето тело да изгледа многу поубаво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi