Учителка се самоубила откако била обвинета за сексуално злоставување на ученик

12 мај, 20170
2

Учителка во основно училиште се самоубила пред очи на полицајците, еден ден откако била обвинета дека имала сексуални односи со ученик.

Кречен Кронфелд (47), мајка на три деца, била прогласена за мртва во нејзиниот дом во Арвада, Колорадо.

Еден ден претходно била суспендирана од работното место во основното училиште Дрејк, додека против неа била покрената истрага по обвинение дека имала сексуална врска со ученик, што се квалификува како сексуално злоставување на малолетник.

Истрагата била отворена откако вработен во училиштето им дојавил на службите дека наводно ја видел Кронфелд со ученикот неколку месеци претходно.

Таа работела во училиштето од 1993 година и предавала општествени науки и англиски јазик.

Сведокот рекол дека ја видел Кронфелд како „недолично се однесува“ со ученикот.

Директорот на училиштето веднаш стапил во контакт со полицијата, откако ја добил информацијата.

Полициската екипа се доближувала до домот на Кронфелд за да направи распит по обвиненијата, кога таа се самоубила.

Од училиштето велат дека истрагата за наводното недолично однесување на учителката само што почнала и дека службите ќе направат сѐ за да се расчисти случајот и да се открие вистината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi