Еве каков тест за бременост постоел во минатото

4 мај, 20170
1

Ако некогаш сте се запрашале дали одамна, многу пред нас, постоел тест за бременост, интересно е да се знае дека своевиден тест за бременост постоел уште во 1350.година пред „безгрешното“ зачнување.

Ако се прашувате од кога постои тест за бременост, еве и одговор кој веројатно не го очекувате. Своевиден тест за откривање на бременост, колку што се знае денеска, постоел и во минатото, поточно, дури и во 1350.година пред новата ера.

Имено, постои протолкуван египетски папирус кој опишува едноставен, а подоцна ќе се покаже, и ефикасен тест за бременост. Според споменатиот опис, жената би требало истовремено да мокри врз семе од пченица и јачмен. Ако никне (условно да никне; да набабри, да се фати и слично) јачмен, носи машко дете, ако никне пченица носи женско дете. Ако не никнат ниту пченица ниту јачмен тогаш значи не е трудна.

Во 1963.година некој се сетил да го стави овој тест на проверка и се покажало дека во 70 отсто од случаите, урината на бремените жени го поттикнува растењето на семињата.

Во средниот век овој „заливачки“ метод е заменет со проучување на бојата на урината – но реакцијата на алкохолот во виното и протеините од урината не дале некои особени резултати.

Тогаш, во 19 век научниците ги свртеле своите микроскопи кон сите можни конечни одговори, и ден денеска некои се уште не ја смениле положбата, па околу 1900. Година е откриен хормонот hCG (хуман хорионски гонадотропин), присутен само во урината на бремената жена.

После ова се попрецизни техники и научни достигнувања овозможиле масовно производство на домашен тест. Масовната продажба почнала во 1977 година. Денеска, во огромната понуда на тестови само треба да се има на ум дека секој од нив работи на истиот принцип, со детекција на хормонот hCG.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi