Што се случува со нашето тело кога ќе потонеме во длабок сон?

3 октомври, 20170
5

Со влегувањето во REM фазата на спиење, најдлабока од сите, мускулните екстремитети се парализираат и движењето е невозможно. Оваа парализа може да се задржи и по будењето, неколку секунди или дури неколку часови.

Прочитајте ја листата од пет работи кои нашето тело несвесно ги прави додека спиеме:

1. Очите се движат со полна брзина

Сите фази на сонот се со цел да ги одржат нашето тело и мозок здрави и одморени. Постојат пет фази на спиење, а секоја е подлабока од претходната. Кога ќе ги поминеме сите пет фази, се започнува од почеток. Последната фаза REM е најактивна и започнува од 60 до 90 минути откако ќе заспиете. Во оваа фаза вашите очи се движат со полна брзина напред-назад, а вашиот ум е концентриран на соништата.

2. Во текот на сонот растеме

Хормонот за раст HGH, е одговорен за регенерација на коските, мускулите и ткивата. Кога спиеме неговата активност започнува.

3. Грлото се собира

Во текот на спиењето, мускулите кои вашето грло го држат отворено додека сте будни, се опуштаат, а величината на грлото се собира. Токму тоа е една од главните причина за грчење.

4. Мелење на забите

Овој феномен е познат како бруксизам. Ова не се случува кај секого, но некои луѓе се будат со силни болки во пределот на вилицата.

5. Спонтано сексуално возбудување

И мажите и жените знаат да доживеат сексуално возбудување во текот на спиењето, а тоа се случува поради врвот кој го доживува мозочната активност за време на брзото движење на очите во сонот. Тоа значи дека на вашиот мозок му е потребно повеќе кислород , а тоа води кон брз проток на крв низ телото. Покрај на мозокот, ова влијае на секој орган во вашето тело, па така и на најинтимните делови од телото, што доведува до активирање на половите хормони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi