9 познати личности со лош здив

23 јануари, 2017
2

Колку и да сакаме да мислиме дека гламурозните ѕвезди се практично совршени, факт е дека на крај на денот тие се како нас…само побогати. Иако нивното богатство често значи дека тие можат да си дозволат убави домови, најдобрите пластични хирурзи и скапи лични тренери, некои ѕвезди сепак имаат проблем со добро-познат заеднички непријател, халитозата – состојба подобро позната како лош здив.

Можеби ве згрозува помислата дека вашата омилена ѕвезда ги навредува сите околу нив секој пат кога отвара уста, но се испоставува дека одредени познати личности се познати и за нивниот лош здив.

Бен Афлек

Заборавете на криптонит! Се зборува дека Бен Афлек требал само да ја отвори устата и да диши на Супермен да му го достави смртоносниот удар во „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“. Веќе со години се зборува за проблемот со халитоза на Бен Афлек, уште од времето кога играше тој заедно со Сандра Булок во „Сили на природата“. Според весникот The Telegraph, Булок се жалела за здивот на машката главна улога во филмот.

Статија во Fox News тврди дека повеќе женски актерки кои глумеле со Афлек се пожалиле на неговиот здив во текот на годините. Најчесто тоа биле актерки кои биле обврзани со договор да снимат сцени со бакнување со него покрај неговиот лош здив. Е тоа е страдање за занаетот!

Џенифер Лоренс

Топ актерката Џенифер Лоренс или е навистина безобзирна или вистински шегобиец. Ова се единствените две можни објаснувања за смешните жалби на актерот Лиам Хемсворт што морал да ја бакнува за време на снимањето на филмот „Игри на глад“. Во неговото појавување на The Tonight Show Starring Jimmy Fallon, Хемсворт кажа дека Лоренс секогаш јадела храна што предизвивкува лош здив кога и да имала сцена со бакнување со него.

Ќе се надеваме дека, освен кога Лоренс ги тера нејзините колеги да плачат поради нејзините навики за јадење, инаку ја одржува нејзината уста чиста.

Бритни Спирс

За жал, гласините за лошиот здив на Бритни Спирс може да се поврзани со нездрави тренди диети. Според извештај од PopCrush, Спирс држела екстремна диета за да биде спремна за пред камерата во времето кога беше судија на X-Factor. Колку екстремна, прашувате? Таа јадела само 600 калории дневно! Вреди да се спомне дека возрасниот човек се очекува да јаде помеѓу 1.600 и 2.400 калории дневно, со 2.000 калории како типичниот просек. Редовното консумрање на помалку од 1.000 калории се смета за опасно и може да има некои грозни последици. Да, тоа вклучува и лош здив. Иако Бритни можеби мислела дека слабата линија вредела, изгледа дека луѓето околу нејзе ги трпеле последиците. Еден извор дури изјавил за PopCrush дека нејзиниот здив повторно замирисувал 20 минути откако таа ќе ги измиела забите.

Ламар Одом

Оддалеченото семејство Кардашиан на поранешната сопруга на Ламар Одом, имаа некои неубави работи да кажат за здивот на пензионираниот кошаркар. Во текот на седмата сезона на шоуто Keeping Up With The Kardashians, Ким и се пожалила на сестра и Клои дека и било тешко физички да му се приближи на Ламар поради неговиот лош здив. Тој бил толку лош, што Ким изјавила дека била спремна „да поврати во уста“ секој пат кога го гушкала.

Без сомнение, било големо олеснување за најпознатата членка на семејството Кардашиан кога пукнала врската помеѓу Клои и Ламар.

Џејсон Сегал

Лошиот здив на Џејсон Сегал бил непосакуван ефект предизвикан од неговата зависност од пушење. Тоа било проблем за актерката Алисон Ханиган, која глумеше негова сопруга во ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“. Ханиган, која не е пушач, изјавила дека нема да му се приближи на Сегал освен ако тој не престане да пуши. Со оглед на тоа дека двајцата требаа да играат вљубена двојка на серијата, можеме само да замислиме како ваква ситуација ги искомплицирала работите.

„Алисон Ханиган не ми остави друг избор. Па затоа престанав да пушам денот кога почнавме да работиме и од тогаш не сум запалил цигара.“ Се надеваме дека покрај општото здравје на Џејсон Сегал, дека и здивот му се подобрил драматично.

Џони Деп

Покрај тоа што се децении Џони Деп е еден од најпосакуваните холивудски актеери, се испоставува дека Деп не ја цени личната хигиена. Еден извор изјавил за Fox411 дека тој „ретко се тушира“ и дека не ја смета хигиената како приоритет. Одеднаш, јасно ни е зашто тој толку уживал да глуми валкан пират неколку пати во последната деценија. Логични ни се и гласините дека тој можеби има лош здив, благодарејќи на неговата претходна навика од пушење.

Комбинацијата на лоша лична хигиена и пушењето цигари секако дека би му причиниле проблеми на Џони Деп со лош здив, како што зборуваат луѓето. Но, како што известува Us Weekly, во февруари 2016 Џони Деп ја дал оваа изјава во своја одбрана: „Кога запознавам луѓе тие велат дека личам како бездомник, но дека мирисам многу убаво. И вистина е, јас мирисам многу добро!“

Анџелина Џоли

Таа можеби е една од најубавите жени во Холивуд, но наводно здивот на топ ѕвездата не е толку блистав.  За да добиете идеа колку и е лош здивот, нејзиниот веќе поранешен сопруг, Бред Пит, еднаш и поклонил ментол бонбони за здив за Денот на вљубените. Извор близок до двојката изјавил за Us Weekly дека поклонот бил некој вид на внатрешна шега, затоа што Бред Пит често се шегувал со Џоли за нејзиниот лош здив.

Иако можеби некои сметаат дека ова бил навредувачки и засрамувачки подарок благодарејќи на тоа дека настанот бил пренесен на медиумите, приказната за Џоли е пријатно потсетување дека е возможно да најдете некој кој ќе ве сака какви што сте – со лош здив и сé останато.

Џесика Симпсон

Изгледа дека русокосата бомба не ја разбира важноста на редовното миење заби. Според ABC News, во текот на настап на Ellen шоуто, Џесика открила дека таа ги мие забите два до три пати неделно. Што е нејзината причина? Таа навистина го мрази „лизгавото“ чувство што го добива кога и се чисти забите. Наместо редовно миење, таа користи комбинација од течност за испирање на уста и дневно користење на конец за заби. Симпсон исто така џвака мастики за одвикнување од цигари, иако не е пушач.

Иако Симпсон инсистира дека оваа навика и гарантира свеж здив, не само што ова не е доволна заштита против халитоза, еден доктор предупредува, дека нејзината лоша навика може да ја загрози нејзината прекрасна насмевка! „Најголемиот ризик за неа е дека таа може да ги изгуби забите. Наслагите и бактериите што се формираат под забите и непцата мора да се отстрануваат барем на секои 24 часа.“ Доколку не се прави ова, може да дојде до распаѓање на забите.

Хју Грент

Оскарите треба да се најважната вечер во Холивуд, вечер кога ѕвездите треба да изгледаат, и да мирисаат, најдобро што можат. Сепак, според списанието The Guardian, Хју Грент буквално го усмрдел местото со неговиот лош здив. За време на Оскарите во 2002 година, здивот на Грент бил толку лош што другите топ ѕвезди го молеле нешто да преземе во врска со тоа.

Наводно, во текот на истата церемонија, пријателите на Грент му дале течност за испирање на уста пред да излезе на сцената. Можеме само да се надеваме дека после вакво засрамување дека тој ќе почне сериозно да ја сваќа личната хигиена.

 

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi