Адријана Лима објави фотографии од својата куќа по ураганот Ирма: Повеќе ништо не е исто
19 септември, 20170
Убавата манекенка со своите фанови споделила како изгледа нејзиниот дом по страшните временски неприлики.
Адријана Лима се вратила во својот дом на Флорида, откако, далеку од ураганот Ирма кој зад себе оставил урнатини и пустош, уживала со своето момче, турскиот писател Метин Хара.
Како што јасно се гледа на фотографиите што ги објавила, голема штета е нанесена и на нејзиниот дом.
Нејзиниот скутер, како и се што било пред вилата и во водата, е целосно уништено.
Се е полно со дрва, ѓубре и се што ураганот носел со себе.