Џорџ Клуни стана татко на близнаци

7 јуни, 20170
2

Славниот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал станаа родители на девојче и момче. Веста за USA Today ја потврди нивниот портпарол Стен Росенфилд, со духовита конотација.

„Утрово, Амал и Џорџ им посакаа добредојде на Ела и Александар Клуни. Бебињата и мајката се во добра здравствена состојба, Џорџ е под седативи и би требало да закрепне во следните неколку дена“, стои во соопштението.

Бидна и тоа, Џорџ Клуни стана татко. Низ последните години тој постојано велеше дека никогаш повеќе нема да се ожени, ниту да има деца. Сето тоа се промени во 2013 година кога ја сретна Амал Аламудин, адвокатка за човекови права и следната година ја побара за жена. Се венчаа во Венеција во септември, 2014 година во присуство на блиски пријатели како Мет Дејмон, Емили Блант, Боно, Елен Баркин и други.

Засега, среќното семејство изгледа дека ќе живее во Англија, Амал и Џорџ вложија многу пари за да ја реновираат нивната куќа од 17 век во Оксфордшир, пред раѓањето на близначињата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi