Јована конечно призна дека се заљубила во Жељко Јоксимовиќ додека била свршена со друг

10 мај, 20170
4

Сегашната сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ, водителката Јована, конечно го потврди она што се шпекулираше со години – дека се заљубила во пејачот додека заедно ја водеа „Евровизија“ во Белград и додека била свршена со директорот на ТВ БК, Александар Зеремски.

Имено, српските медиуми на големо пишуваа дека Жељко и Јована се заљубиле додека го водеа престижниот музички натпревар, но земајќи предвид дека и двајцата беа во долгогодишни љубовни врски, тој со водителката Андријана Чортан, а таа со тогашниот директор на популарната ТВ-куќа, на сите можни начини се обидуваа својата романса да ја скријат од јавноста. Дури откако Јована ја раскина свршувачката, јавноста дозна дека се заљубени, по што следуваше тајната венчавка.

„Мислам дека меѓу двајца луѓе се случува нешто или не. Таа заљубеност доаѓа како некоја вистинска емоција, тој животински инстинкт кој не можеш да го контролираш. Мене тоа ми се случи кога имав 27 години. Пред тоа бев во сериозна врска и немав причина да ги спречам чувствата. Се заљубив и сакав да ја живеам таа љубов и така одлучив, а исто и Жељко. Бевме зафатени и двајцата, тешко беше да се одлучи, но љубовта секогаш победува“, Јована конечно ги откри своите почетоци од врската со популарниот пејач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi