Ќерката на Мајкл Џексон ја шокираше јавноста: Бев силувана на 14 години!

27 јануари, 20170
5

Ќерката на кралот на попот Мајкл Џексон прозборе за смртта на нејзиниот татко но и за својата лична борба со депресијата, дрогата и повеќекратните обиди за самоубиство.

Парис Џексон во шокантното интервју за „Ролинг стоун“ раскажала дека е уверена дека нејзиниот татко Мајкл Џексон е убиен.

Освен за смртта на нејзиниот татко, таа проговорила и за повеќекратните обиди за самоубиство, откривајќи дека била силувана како тинејџерка.

Таа вели дека „многу постар и целосен странец“ сексуално ја злоставувал кога имала само 14 години. Поради тоа станала депресивна и зависна од дроги. Неколку пати се обидела да си го одземе животот, а повредите кои сама си ги нанесувала, ги криела од остатокот на семејството.

– Се мразев самата себе, немав самодоверба, мислев дека ништо не можам да направам како што треба, дека мојот живот ништо не вреди – раскажала Парис.

Иако земала лекови против депресија, таа вели дека денес веќе не ги зема. Откако се обидела да се убие последниот пат, отишла во терапевтско училиште во Јута и таму се претворила во, како што вели, “сосема поинаква личност“.

И покрај тоа што го наследила богатството на нејзиниот татко, Парис вели дека сама сака да ги заработува парите. Моментално се занимава со моделство и глума.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi