Ламар Одом се кае што ја изневерувал Клои Кардашијан

30 март, 20170
10

Поранешната кошаркарска ѕвезда Ламар Одом тврди дека пред 17 месеци ја измамил смртта и се смета за „вистинско чудо“. Во интервју за „US Weekly“ тој рече дека имал два срцеви удари пред да го најдат во кома во бордел во Лас Вегас. Поради користењето кокаин и неодговорното однесување, заврши неговиот брак со Клои Кардашијан.

По рехабилитацијата, Одом работи на документарна серија и на автобиографија. Тој вели дека на почетокот криел од Клои дека се дрогира и дека на дело го фатила две години пред разводот. Одом истакнува дека Клои била многу разочарана и дека после тоа била свесна дека тој цело време користел кокаин.

„И јас бев разочаран, ама не знам дали бидејќи се дрогирав или бидејќи ме фатија., Не сакам да речам дека Клои го прифати моето дрогирање, тоа би било погрешно, туку го толерираше“, рече Одом во интервјуто.

Тој смета дека реалното шоу на нејзиното семејство Keeping up with the Kardashians му пружило многу прилики, меѓу другите и со жени кои претходно не го знаеле како кошаркар.

„Кога ѝ станав сопруг на Клои Кардашијан и кога се појавивме на ТВ, тоа примами многу жени. Единствената работа за која се каам е што имав афери со други жени додека бев во брак. Не се потрудив да го подобрам мојот брак, само сакав да се дрогирам. Животот ми се вртеше околу дрогата. Поради дрогата најверојатно и кариерата ми заврши побрзо. Дрогата ми го уби и сексуалниот нагон бидејќи можев да имам секс само кога бев издрогиран“, рече Одом.

Тој рече дека таа кобна вечер завршил во борделот бидејќи бил сам, му било здодевно и сакал да се забавува. Се сеќава само дека лежел во кревет со две девојки и дека заспал.

Се разбудил четири дена подоцна во болница. Тој истакна дека бил изненаден што Клои била покрај него и дека многу му помогнала во опоравувањето.

Рехабилитацијата била ултиматум што му го дала ќерката. Тој сега тврди дека е чист и дека чувството да се живее без дрога е прекрасно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi