Никол Кидман заборави на своите посвоени деца

20 септември, 20170
4

Познатата актерка Никол Кидман ја освои наградата за најдобра актерка поради нејзината улога во серијата „Големи мали лаги“ на годинешното доделување на Еми наградите.

Облеана во солзи Австралиската убавица ја посвети својата награда на својот сопруг Кит Урбан и двете биолошки ќерки од бракот со него Фејт Маргарет и Сандеј Роуз.

Во својот емотивен говор таа намерно или не, испушти да ги спомене своите посвоени деца кои ги има со својот поранешен сопруг Том Круз, Конор и Изабел Круз.

Јас сум и мајка и сопруга, ги имам своите две деца Фејт и Сандеј и мојот драг Кит од кои побарав да ми помогнат како би го продолжила својот уметнички пат. Тие беа принудени да жртвуваат доста работи за ова, па наградата им припаѓа на нив. Сакам моите девојки да ја имаат на својата полица и секој пат кога ќе погледнат кон неа да помислат „Сите вечери кога мама не беше тука да не заспие, тоа е поради ова. Сепак имаме нешто“.- изјави актерката во солзи

Нејзиниот говор беше мета на критика од нејзините обожаватели кои ја обвинија актерката дека ги дели нејзините биолошки од посвоените деца.

Зошто Никол Кидман не ги спомна сите нејзини деца во нејзиниот говор? Да бев на местото на Конор или пак Изабел ова тотално ќе ме скршеше, напиша еден корисник на својот Twitter профил

При многуте критики кои ги доби, Twitter корисниците напишаа дека во каква состојба и да се наоѓа ситуацијата помеѓу неа и поранешниот сопруг, не е воопшто убаво од нејзина страна што ги заборава и игнорира другите  деца и ја потсетија дека наместо 2 деца, таа има 4.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi