По 4 години криење Кејти и Џејми конечно јавно уживаат во врската

11 септември, 20170
2

Поминаа точно четири години откако за прв пат слушнавме за романсата помеѓу Кејти Холмс и Џејми Фокс. Актерите никогаш не ја потврдија, ниту ја негираа врската за која што пишуваа медиумите, сè досега кога конечно се подготвени да излезат пред јавноста како пар.

Парот беше уловен од папараците за време на интимна прошетка на една од плажите во Малибу. За прв пат после толку време, Џејми и Кејти слободно прошетаа рака под рака, без притоа да внимаваат на тоа дали некој ќе ги види.

Сепак, зошто чекаа толку за да ја потврдат својата врска?

Според некои информациите, кои сè уште остануваат непотврдени, причината за ваквото однесување се крие во документите за развод на Холмс.

Кејти се разведе од Том Круз во 2012-та година, кога наводно потпишала документ со кој се обврзува дека нема јавно да ги експонира мажите со кои е во врска сè додека не поминат 5 години од разводот.

Бидејќи сега и официјално е завршен тој законски рок, актерката може слободно да шета со избраник без притоа да се грижи околу тоа дали ќе биде фотографирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi