Семејството на Јелена Марјановиќ одби ГОЛЕМИ ПАРИ за да снимат ријалити шоу!

16 март, 20170
4

Семејството на покојната Јелена Марјановиќ, наводно им е понудено да снимат ријалити, за кое би добиле околу 150.000 евра, но, свекрвата на Јелена, Зорица Марјановиќ, веќе порача дека не и паѓа на памет да учествува во ваков проект, а исто така изјави и сопругот на убиената пејачка, Зоран Марјановиќ.

Според неофицијалните информации, кои треба да ги прифатат со голема резерва, идејата наводно била да во ријалити шоуто учествува мажот Зоран, ќерката Јана, свекрвата Зорица, свекорот Владимир и деверот Милош, кои би играле во шоуто кое би требало три месеци, а за истото да добијат хонорар од 50.000 евра месечно.

Foto: Telegraf

Но, тешко е да се поверува дека ваков проект би можел да заживее.

„Зорица со години има сеанси во својот дел од куќата, каде помага на оние кои имаат здравствени проблеми. Таа никогаш не сакала медиумско внимание, иако кај неа доаѓале луѓе од светот на спортот, политиката и естрадата. На неа големи последици остави линчот низ кои минувала и затоа за камерите не сакала ни да слушне. На неа и е важно да го врати својот мир, а тоа не би можело да се случчи, ако снимателите и продуцентите ординираат по нивниот дом 24 часа дневно“, вели за „Курир“ извор близок до Марјановиќ.

Foto: Telegraf

Од друга страна, и Зоран Марјановиќ ја демантира приказната за шоуто.

„Никој од нас не сака да учествува во ријалити шоуто, а најмалку мојата мајка. Таа преживеа голем стрес и трпи последици од лагите кои на неа и се сервираат. Страшно е кога некој кој сака да помогне, кој многу направил за луѓето, биде оклеветен. Мене ме интересира да конечно се прикаже вистината, а не како ние патиме и плачеме низ шоуто. Голем број на излечени луѓе на суд посведочија дека мојата мајка никогаш ни од никого не барала пари, ниту се занимавала со вештерство, пророци, ниту со било што се коси со православието така да повеќе нема смисла да се збори за тоа“, изјави Зоран Марјановиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi