Сите знаеме дека не ја сакаше: Принцот Чарлс се оженил со Дијана под притисок и закани само поради ова…

22 февруари, 20170
11

Авторката Сали Бедел Смит неодамна објави нова биографија на синот на Елизабета II и ја именувала “Принц Чарлс: Страстите и парадоксите на неверојатниот живот”.

д мноштвото интересни и малку познати факти за првиот благородник во редот за британскиот престол, се издвојува тврдењето дека принц Филип – таткото на Чарлс и сопругот на кралицата Елизабета II – го принудил својот син да се ожени со Дијана.

Наводно принц Филип бил толку упорен што принц Чарлс постојано бил под притисок и закани. Дури и роднината на Филип – Памела Хикс во една прилика изјавила дека Чарлс од својот татко примил заканувачко писмо, а причината била фактот дека наследникот на британскиот престол поминал страсна ноќ со Дијана во воз во 1980. година.

Очигледно принцот Филип сметал дека со оглед на тоа дека син му и ја одземал невиноста, би требал и да ја ожени младата убавица.

Во јули следната година се одржа познатта кралска свадба, а со неа започна и еден несреќен брак кој заврши 15 години подоцна. Принцезата Дијана почина една година подоцна, а Чарлс во 2005. се прежени за Камила Паркер Боулс, својата прва љубов и жената со која ја изневеруваше Дијана низ годините.

Уште една од занимливостите кои ги открива оваа книга е дека кралицата Елизабета се уште не се повлекува од престолот на Велика Британија бидејќи смета дека нејзиниот син не би бил добар владетел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi