Трудната Ана и Раста доживеаја земјотрес во Рим

20 јануари, 2017
4

Поп-пејачката Ана Николиќ и нејзиниот сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ-Раста, се најдоа во Рим токму кога оваа област ја погодија земјотресите, наведува телеграф.рс, а според последните информации, во тек е евакуација од одредени метро-станици во италијанската метропола. Идните родители се активни на Инстаграм за време на одморот, па веруваме дека и покрај доживеаниот земјотрес, овој прв одмор во новата година ќе им остане во добро сеќавање.

stean-rasta

„Младиот Јулиј Цезар го преживеа земјотресот“, напиша Раста покрај фотографијата што ја објави на Инстаграм.