Животните тајни на славните жени

10 мај, 20170
3

Kако силните, независни жени го достигнуваат врвот? Како се справуваат со недостатокот на време, здравствените проблеми, семејниот живот наспроти кариерата? Откријте како Бијонсе, Ријана, Анџелина Џоли и други славни личности успеале да дојдат на врвот.

Бијонсе

Во 2014 година, магазинот Форбс ѝ го додели првото место за најмоќна ѕвезда на светот. Бијонсе има само 34 години, а веќе одамна е глобална икона со над 118 милиони продадени синглови. Таа открива дека секогаш си поставува високи цели и прави сè што смее и не смее за да ги оствари. Кога ќе заврши нешто, веднаш започнува друго. Тоа ѝ помага да не губи време и подобро да се справи со неизбежните порази и тешкотии. Доколку не преземете ризик, не можете ни да напредувате.

Па, никогаш не одбивајте шанса и секогаш добро знајте што ќе правите следно. Поставувајте си повисоки цели, а не просечни. Бијонсе отсекогаш знаела дека сака да биде мега-ѕвезда.

Ријана

Ријана е музичка и модна икона и вели дека е секогаш доследна на себеси. Кога станува збор за нејзиниот стил, често презема ризици за да не ѝ биде здодевно. Постојано го менува изгледот и не се плаши да размислува поинаку од останатите.

Таа верува дека за да се искачите на врвот, треба да сакате да се истакнете и да бидете поразлични од другите. Секако дека се нервира и признава дека има маани, но е отворена и зборува за нив за да може да ги поправи. Досега има објавено седум албуми и изгледа дека не планира да застане во скоро време.

Кејти Пери

И самите знаете колку напорно работи Кејти Пери. Таа не стана позната преку ноќ, туку беше упорна и истрајна. Седум години лавовски се бореше со музичката индустрија. Не губеше време и можеби ја потроши својата младост, но сето тоа се исплатеше.

Кејти Пери исто така помина низ многу тешки периоди, како кога мораше да ја продаде сета своја облека за да плати кирија во Лос Анџелес, како и периодот кога банкротираше по издавањето на нејзиниот прв албум. Најголемата животна лекција од неа е дека мора да бидете подготвени за проблеми и неуспеси, но треба да останете фокусирани и истрајни во работата. Накратко – не очекувајте да станете успешни преку ноќ.

Мила Кунис

Според Ескуајр магазинот таа е најзгодната жена на светот. Но, Мила Кунис вели дека воопшто не се опседнува со исхрана и вежбање, сè прави умерено и оди во терретана трипати неделно. Многу е приземна, секогаш е своја и не се оптеретува со нејзиниот изглед. Вели дека природната убавина е најважна. Тоа е тајната на нејзината самодоверба.

Мила вели дека минатото не смее да ги попречува вашите идни планови. По завршувањето на познатата серија Лудите 70-ти, таа одеше на сите можни аудиции за секакви улоги. На крајот, нејзината упорност вроди со плод.

Џулија Робертс

Џулија Робертс не е обожавател на фитнес. Таа вели дека вежбањето секој ден е корисно, но не треба да ја трошите целата своја енергија и време на тоа. Нè потсетува и дека алкохолот прави кожата да изгледа постаро, па затоа наместо пиво или некој коктел, за ручек напијте се чаша вода. Јаде многу зеленчук, но понекогаш си дозволува и закуска.

Најважната животна лекција која можеме да ја извлечеме од Џулија Робертс е дека успешните жени можат да го искористат својот успех за да им помогнат на другите. Таа е активен член на УНИЦЕФ, има големо срце и е целосно посветена на својата фамилија. Зошто луѓето ја сакаат? Одговорот е едноставен – Џулија отсекогаш знаела која е и не дозволила ништо да го смени нејзиниот карактер.

Анџелина Џоли

Мајката на Џоли сакала нејзината ќерка да биде актерка, па така таа ја започнала својата кариера на седум години. Ги надмина очекувањата на сите кога доби Оскар, но не застана тука. Џоли стана амбасадор на Обединетите нации за бегалци и е активно вклучена во голем број добротворни организации.

Не е лесно да верувате во себеси, особено не сега во вакво општество кое гледа да ви наштети, но Анџелина Џоли докажа дека можете да успеете доколку целосно ги следите своите страсти и животни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi