Енергетска бомба што ги топи масните наслаги

28 март, 20170
3

Оваа зелена енергетска бомба, микс на овошје и зеленчук, претставува еден од најпопуларните смуди-напитоци кој гарантира здравје, поконкретно го намалува салото и ги топи килограмите од стомакот. Кои состојки ви се потребни и како да го подготвите?

Во блендер ставете една смрзната банана насецкана на парчиња, една лажица рендан ѓумбир, две лажици мелени семки од лен, шолја смрзнати боровинки, шолја спанаќ и малку мраз. Добро измиксајте ги сите сосотојки.

Ова смуди пијте го секое утро на празен стомак. Истражувањата покажуваат дека повеќето од оние кои го пробале овој „еликсир” изгубиле неколку килограми за неколку дена, а најмногу забележале топење на делот кај стомакот.

Покрај тоа што е вкусен и ефикасен во отстранување на мастите, овој пијалок е исклучително здрав. Бананите се богати со калиум, антиоксиданси и растителни влакна, а со тоа го стимулираат варењето на храната и елиминирањето на токсини, додека ѓумбирот го зајакнува имунитетот, го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Ленот е важен поради влакната, боровинките се познати антиоксиданси, а спанаќот е богат со магнезиум и има позитивен ефект на нервниот систем и расположението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi