Ова се масни намирници кои ТРЕБА ДА ГИ ЈАДЕТЕ!

24 јануари, 2017
Almond milk

Оние кои водат сметка за телесната тежина, мастите ги сметаат за најголем непријател, но, истражувањата покажуваат дека некои од нив се исклучително корисни за организмот.

Мастите, особено оние незаситени, не се штетни по здравјето. Ги има во некои намирници, а експертите препорачуваат нивна конзумација.

Авокадото е сочинето од 77 отсто масти, а се состојат од олеинска киселина која има бројни позитивни ефекти на здравјето.

Бадемите се богати со здрави масти и може да се конзумираат наместо нездрави грицки.

Маслинките се богати со витамин Е и К.

Јајцата се одлични за оние кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми. Содржат здрави масни соединенија кои се корисни за менталното здравје.

Лососот и другите масни риби се богати со омега 3 масни киселини и бројни состојки исклучително корисни за организмот.

Фета сирењето од козјо млеко се смета за хранлива и здрава храна која треба да биде дел од сечија исхрана.